Колку има вистина во тоа дека вакцината против коронавирус има ефект само шест до девет месеци?




Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека тоа е нешто што досега го знаат и останува да видат со текот на времето како ќе се одвива степенот на имунитет.




„Се уште е во сферата на шпекулација, дали е ова вакцина што ќе се прими еднаш или можеби ќе премине и во некаква форма на сезонска вакцина. На тоа прашање науката се уште не дала одговор, потребни се следења и дополнителни анализи, од кои многу се во тек на самиот вирус, на антителата од страна на самите компании кои што ги произведуваат, но исто така и на научниците коишто се занимаваат со ова прашање“, додава Филипче.




Појаснува дека има сигурни докази за тоа дека сосема е доволна количината на антителата за да тие штитат од инфекција.
