Бугарскиот професор Кирил Топалов, член на мешовитата историска комисија ја спореди Македонија со Северна Кореја.




Тој за спорот околу јазикот вели дека е тешко да се дојде до научната вистина.




„Јазичниот спор со Република Северна Македонија е условен концепт, бидејќи тој таму се спроведува многу повеќе отколку овде и има многу повеќе луѓе кои артикулираат што мислат дека е вистина, но всушност се научна фантастика и лаги за бугарското културно-историско наследство“, изјави во студиото на „Ова утро“ на бТВ Топалов.




Тој вели дека „Република Северна Македонија е Северна Кореја на Балканот“ заради нејзината „жестока цензура“ и „жестокиот тоталитаризам“.
Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов даде нова изјава со која го спори македонскиот идентитет.




Вели дека во времето на Тито Македонците се нарекувале себеси Југословени. Рече дека и Бугарите може да веруваат дека се Мексиканци, но тоа не е така./Faktor
