Во своето последно интервју, милијардерот и филантроп Бил Гејтс (65) предупреди на уште две катастрофи што многу веројатно ќе го загрозат светот, скоро шест години откако тој ја предвиде пандемија на вирус, со каков што се бориме денес.




Основачот на Мајкрософт за каналот Веритасиум исто така рече дека светот нема да биде подготвен за појава на нов смртоносен вирус во наредните години. Тој исто така спомена дека верува дека најголемите закани за човештвото се климатските промени.
Не е добро чувството кога можеш да кажеш, нели ти реков. Можеби требаше да бидам поубедлив? Постојат голем број на респираторни вируси, а друг ќе дојде од време на време. Респираторните заболувања се страшни затоа што сè уште можете да шетате, да патувате со авион или автобус додека сте заразни, за разлика од некои други болести како што е еболата каде лежите во болнички кревет.




Зошто не е сторено повеќе во однос на заштитата? Постојат ризици како што се земјотресите кои постојано се повторуваат, или, пожари, урагани. Пандемиите не доаѓаат толку редовно и се смета дека во следните години тоа нема да биде проблем, па затоа не треба да вложувате толку многу пари во нив. Оваа пандемија ќе нè натера да разбереме дека ова треба да биде приоритет, рече тој.
Една од нив се климатските промени. Секоја година, повеќе луѓе ќе умираат од тоа отколку што умреле во оваа пандемија, рече тој, додавајќи:
Биотероризам. Некој што сака да направи штета може да создаде вирус, што значи дека шансата за тоа е многу поголема отколку за природните епидемии како што е сегашната, рече тој и заклучи дека човештвото нема доволно моќ да ги запре пандемиите.




Сепак, можеме да сториме повеќе за да бидеме подготвени за следната пандемија, така што морталитетот никогаш да не биде толку голем како денес, додаде тој.
Претходно, тој предупреди за интелигентните роботи кои ќе го загрозат човештвото.
Се плашам од вештачката интелигенција. Прво ќе ја обавуваат работа наместо луѓето и тоа ќе биде добро, но неколку децении подоцна ќе бидат толку интелигентни што ќе биде загрижувачки, рече Гејтс.
