Турција ќе се приклучи на преговорите за решавање на повеќедеценискиот спор околу Кипар само со предлог за формирање на две држави на островот, изјави портпаролот на претседателот Ибрахим Калин, додавајќи дека претходните неуспешни предлози не треба да бидат на дневен ред.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера рече дека единствениот начин за решавање на кипарското прашање е формирање на две држави, а федерацијата за која се залагаат Атина и владата на кипарските Грци не треба да биде на агендата за преговори.

Не можеме за работите за кои зборуваме 40 години да зборуваме и во следните 40 години, рече Калин за ТРТ Хабер.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека единственото решение за повеќедеценискиот спор околу Кипар е формирање на две држави на островот.

Тој додаде дека федерацијата за која се залага Атина нема да биде тема на претстојните разговори со посредство на Обединетите нации.

Водачите на Грција и Кипар во понеделникот рекоа дека ќе го прифатат мировниот договор за Кипар само врз основа на резолуциите на ООН и ја отфрлија формулата за две држави, на која инсистираат Турција и кипарските Турци, пренесува Ројтерс.

Разговорите спонзорирани од ООН се закажани за во март.

Ердоган им рече и на пратениците од неговата партија дека не може да се состане со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и покрај продолжувањето на разговорите меѓу Грција и Турција за споровите во Средоземното море. Ердоган рече дека Мицотакис го „предизвикал“ и му рекол дека треба „да ги знае неговите граници“.
Vocentar.com