Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ссе заблагодари за пречекот во Македонија.

Александар Вучиќ, ја посети винаријата Камник кај Скопје и им се заблагодари на гостопримството на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и на сопственикот на таа винарија.




Уживавме во добро вино и се договоривме за заеднички проекти за во иднина со премиерот на Северна Македонија, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот, со фотографија од винаријата.
Вучиќ претходно му го предаде на Заев првиот контингент на граничниот премин Табановце со повеќе од 4600 дози вакцина Фајзер, што Србија ги донираше на Северна Македонија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на Македонија.
Двајцата се сретнаа во 10 часот на преминот Табановце по силната снежна бура, каде што најпрво се поздравија и се прегрнаа топло, а Вучиќ предавајќи ја донацијата од 4.688 вакцини Фајзер, рече дека е тоа за наши браќа!




Донесовме 4.688 вакцини, тоа е во прва фаза. Мислам дека тоа е добра вест за нашите браќа, рече Вучиќ. Заев одговори, многу благодарам.
Вистинска зимска идила, рече претседателот на Србија, коментирајќи ја снежната бура на граничниот премин, по што се слушна шега, на која сите се смееја дека залудно земјата не се нарекува Северна Македонија. Вучиќ го праша Заев: Зоки, денес ја започнуваш вакцинацијата, на што Заев одговори потврдно.

Среќен сум што можевме да им помогнеме на нашите браќа и пријатели затоа што Србија нема други интереси освен да им помагаме на нашите пријатели и да го развиваме нашето пријателство. Вистински пријател е оној во неволја – потенцираше Вучиќ, објаснувајќи дека донацијата требало да има пристигна пред 10 дена, но процедурите беа крајно строги затоа што така го бара Фајзер.




Вучиќ претходно му порача на Заев дека кутиите со вакцини мора да бидат зачувани и вратени затоа што постапката на Фајзер е исклучително строга и доколку Србија не го почитува тоа, тој може да остане без вакцини.
Имаме договор што го потпишавме со Фајзер кога порачавме големи количини, поминавме преку Ковакс системот , но имаме и билатерален договор и тој договор вели дека не смееме да ги отуѓуваме вакцините и дека мора да гарантираме транспорт и се да биде како што сме ги примиле. Ги имавме тие договорни проблеми – рече Вучиќ, додавајќи дека ќе има кратка изјава, бидејќи замрзна од ладното време.
Вучиќ му се заблагодари на Фајзер, кој овозможи достава на вакцини во Северна Македонија според многу строги процедури.




Во заедничкото обраќање со претседателот Вучиќ, Заев рече дека ова е помош на пријатели и соседи, пријателски српски народ со кој неговата земја има традиционални пријателски и братски односи и дека ова е првиот контингент на помош и дека приоритетни групи граѓани за да бидат вакцинирани ќе можат доброволно да аплицираат.
Примопредавањето на вакцината требаше да се случи во четвртокот, но беше одложено за три дена поради потреба да се добие дополнителна техничка документација.
