Пролетта официјално започнува за помалку од шест недели, а светски познатата метеоролошка служба AccuWeather објави голема сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта оваа 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година.




Метеоролозите на AccuWeather, како и обично во нивната прогноза, детално опишуваат како времето може да влијае на скоро секој аспект од животот, вклучително и земјоделството и водните ресурси.
Невремето што ја зафати западна Европа, а потоа и јужниот дел на континентот во текот на зимските месеци, би можело да остане активно и во раната пролет, велат метеоролозите. Се очекува бурите да бидат активни на патот од Франција, преку Италија, кон Балканот, особено во текот на месец март.




Метеоролозите од AccuWeather забележаа дека ова ќе биде невообичаен модел за пролетта бидејќи бурите обично се движат на север во овој период од годината.

„Невремето ќе се смири до крајот на пролетта, но до мај ќе предизвика штета во јужна Европа“, рече метеоролог на AccuWeather, Тајлер Ројс, додавајќи дека во регионот се очекуваат обилни врнежи од дожд.




Како што невремето се приближува кон Медитеранот, тие ќе бидат придружени со обилни дождови и грмотевици низ цела Италија и долж западниот брег на Балканскиот полуостров. Ова може да го зголеми ризикот од поплави до раната пролет.
По една од најснежните зимски сезони во последните најмалку пет години во северозападна и централна Европа, многу Европјани можеби со нетрпение ја очекуваат пролетта и враќањето на топлото и сончево време, пишува AccuWeather. Сепак, според метеорологот Тајлер Ројс, пролетта ќе биде доцна, но населението нема да биде лишено од пријатни пролетни денови.

Драматична промена на времето може да предизвика алергии, особено за оние кои се алергични на полен, кон крајот на април до мај, поради изобилство на влага, вели метеорологот Алан Реперт. Тој додава дека невреме се очекува кон крајот на април и мај.
Во Источна Европа, сепак, ќе има малку потопли денови во текот на пролетта, но овој регион може да очекува и студени шокови што можат да траат неколку дена пред да се врати потоплото време.
Не е исклучена можноста од снежни врнежи во целиот регион на Европа во текот на пролетта, главно во март.
Vocentar.com
