Учениците и студентите од Македонија ќе патуваат во Бугарија без ПЦР тест.

На учениците и студентите од Македонија, Грција, Турција, Србија и Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе нема да им биде потребен негативен тест на коронавирус.

Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов. Ова важи и за студентите коишто живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно. Но, оваа привилегија не важи за другите граѓани. До 1 март во Бугарија нема олабавување на мерките.