Баба Ема доживеала 118 години, и ја откри тајната за нејзината долговечност, која за изненадување на сите, не е воопшто комплицирана.

Ема Морано, по потекло од Италија, јаде по две јајца дневно, повеќе од 90 години.

Родена е во 1899 година во Вербанија, Италија. Таа започнала да јаде јајца редовно кога имала 20 години откако лекарот и дијагностицирал анемија. Тој и рекол да консумира по две неварени и едно варено јајце дневно, секој ден.

„Јадам по две јајца дневно и тоа е сé. Јадам и колачиња. Но, не јадам многу, бидејќи немам заби.“

Нејзиниот доктор Карло Бава потврди дека неговата пациентка не се придржувала до конвенционалните нутриционистички совети.

„Ема никогаш не јадеше многу зеленчук и овошје. Кога се запознавме јадеше по три јајца дневно, две неварени наутро, кајгана на пладне, а пилешко навечер“, кажа тој.

Последните години од својот живот Ема не јадеше многу и го немаше напуштено својот стан повеќе од 20 години. Таа го надживеа целото свое семејство, како и пријателите и не сака да ги прославува родендените.

„Луѓето доаѓаат од Америка, Швајцарија, Австрија… Доаѓаат од сите страни за да ме видат“, вели Морано.