Премиерот Зоран Заев во денешната Тема на денот во однос на неплаќањето данок на имот во Арачиново, рече дека не е дека воопшто не се наплаќа, но се наплаќа во многу мал процент.




„Таму има често израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот и треба да се стави ред. Тое е изворен приход на општината и треба тоа да го направи. Општината никогаш не се развивала вака, како што од 2017-тата се развива, но за жал со државните пари“, вели Заев.
Премиерот вели дека во градските општини многу полесно се наплаќа данокот отколку во руралните.




Општина Центар е локалната самоуправа со најголема сума од наплатен данок на имот 2,3 милиони евра, покажува студијата на Центарот за граѓански комуникации, додека Арачиново е единствената без ниту еден денар од овој начин на финансирање затоа што нема даночно одделение.




Станува збор за просечни годишни суми од 2019, 2018 и 2017, а тука Центар е прв со 2.302.666 евра, пред Карпош со 2.027.145 и Аеродром со 1.371.700 евра годишно во просек од данок на имот. Во Топ-5 се уште две скопски општини – Кисела Вода со 1.332.851 и Гази Баба со 1.239.583 евра. /Faktor
