Компанијата која се најде во сомнителниот софтвер кој го набавил екс генералниот секретар на Владата, за камерите од „Безбеден град“ кој МВР нити го користи, нити им е потребен, покрај тоа за сервисирање и набавка на софтвер за владата добила и 400.000 евра изминативе три години, објави Радио Слободна Европа




Компанијата е без веб страница и контакт информации, нботи на одржување на соо сепак рафтвери за потребите на македонската Влада.
– Софтверска компанија без сопствен сајт и контакт информации работи на одржување на компјутерски програми на десетици државни институции. Станува збор за Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од која Генералниот секретаријат на Владата купил софтвер за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, велат од РСЕ




Од медиумиот објавија дека се обиделе да стапат во контакт со управителот на компанијата, да побараат веб сајт со портфолио на „Инвока гроуп“, но сето тоа бло безуспешно.
Во изминативе три години, колку што постои компанијата, од македонските институции наплатиле 62 илјади евра за одржување на софтвери, покажува владината дата база „Отворени финансии“. Во неа може да се забележи дека под контото „поправка и одржување на софтверска и хардверска опрема“ од сметките на институциите биле исплаќани фактури со вредност од 4 евра па се до илјада или две илјади евра.




Од сметката на Генералниот секретаријат на Владата со потпис на поранешниот генерален секретар, а сега советник во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, биле исплатени фактури за 323 илјади евра за набавка на два софтвери, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки.
Извор: РСЕ
