Ова прашање заслужува посебно внимание и анализа.
Едно е сигурно, кој побарал помош и желба за самостојност и сопствена држава од Русија, до сега сите добиле, па дури и Татарите ја создадоа Бугарија во 1878 преку Русија со малку политика и културна молба.
Нашата мака и поента е односот Македонија и Русија последниве 200 години.
Кое тело, организација или официјални преставници вклучувајќи ги и периодите од Илинден 1903 и Втората Светска Војна … кој остварил средба или официјално да поднесе молба за помош и независност на Македонија?
Можете сите да кажете што сакате, ама такво нешто не се случило. Од некоја си глупава причина, секогаш Македонија и официјалните преставници сакале и барале помош од Западните земји, освен неколкумина перспектвини, млади поедници патриоти разочарани од Западот некако меланхолично или по “грешка” отишле кај Русите.
Истата грешка се прави и до денес, каде нокаутираниот Македонски народ како маѓепсан се уште верува и се надева во Западот или модерно кажано ЕУ и НАТО. Но најтрагично е што Русија во својот зенит и со несовладлива сила на чело со Путин чекаше официјална молба од Груевски и последно нешто од Иванов да реагираат машки и да побараме спас и втемелиме безбедна економија во Македонија.
И што се случи? Ни Груевски ни Иванов не направија она што требаше да го направат за Македонија и Македонскиот народ. Моите извори спомнуваат нивно членство во Масонската ложа, но времето ќе покаже и докаже се околу ова.
Ѓаволот ни ора ни копа, но Македонија ни жива ни мртва со префиксот Северна. Од Западот народот не гледа аир додека политичарите збеснаа од пари и криминали и живеат царски.
Од Русија политичарите ќе добијат народски кажано од трите подолгото додека народот ќе си тера живот подобар од Титовото време НО НАЈВАЖНО Е ШТО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЕГЗИСТИРА НА ЦВРСТИ НОЗЕ СО ГОЛЕМА ШАНСА ДА СИ ГИ ВРАТИ ЕГЕЈ И ПИРИН.
ТОА Е МОЈОТ СОН, НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ И СИТЕ ИСКРЕНИ И РОДОЉУБИВИ МАКЕДОНЦИ НА ЦЕЛАВА ПЛАНЕТА И ДАЈ БОЖЕ ШТО ПОСКОРО ДА СЕ ОСТВАРИ.
АМИН !!!
