Доктор Никола Граматниковски од клиниката за торакална хирургија вели дека кај дел од овие ковид пациенти кои имаат тешки компликации најчесто со тромбози потребна е операција. Многу често кај ковид пациентите имунолошкиот систем реагира премногу бурно и предизвикува тромбоза.

Граматниковски објаснува дека тромбозата и пред ковид панедемијата била на врвот по смртност кај населението и затоа е потребна навремена дијагностика и лекување.

Во оваа панедмија од страв многу граѓани пијат на своја рака терапија против згрутчување на крвта.

Во делот на вакцинацијата, доктор Граматниковски вели дека е единствен излез од пандемијата и е потребна и на лица кои имаа тромбоза. Докторот со совет секој кој чувствува болки и неколку дена по вакцинацијата да направи контрола кај доктор.