Другари, неделава конечно го предаваме новиот дом на баба Милица и нејзините три внуци.

Не сум кажала до сега, но тие пред две години останале без мајката која починала, а таткото потоа ги напуштил. Немале многу причини да се радуваат…. живееја во многу лоши услови.

Наскоро тоа ќе биде само минато за нив….. се трудам не само да им направиме нов дом туку и нов почеток….. машките се 16 и 18 години а малата 10 години…. Знам дека желба им е на машките да имаат play station. Но таква донација немаме и не би можела да најдам моментално. Дали има некој од вас кој можеби би сакал да им подари play station?