За оваа буржујка од фамилија книгите се луксуз за богати, за задоволство, а не нужда.

Не друго, туку ме именува како мадама (што лажела дека формирала Професорски пленум, бидејќи тоа била таа газдарицата на еден приватен институт).

Еве, ќе и’ го подарам тој Пленум, кој се роди во аулата на МОЈОТ факултет чиј проглас ЈАС го платив да излезе во Нова Македонија, а не таа). Само нека не прави од мене мадама… Јас не сум по проституција дури ни ЕУ кога плаќа, а не сум ни газдарица.

За разлика од децава од фамилии, јас сум со работнички корени, растена на една плата, никогаш не станав госпоѓа професор, зошто сум со својот народ и со сите што страдаат. За разлика од покондирениве и умишљени величини.

Патем, тој Пленум ми е животна грешка! Бранејќи автономија на умиверзитет им создадов платформа да го закотват медиокритетството (страв од импакт фактор) и да создадат политичко чудовиште кое сега и ќе не’ дигитализира. Зошто книгите се луксуз…