Цените на црногорскиот брег изненадија многумина. Колку сте подготвени да потрошите на лежалки и чадори за одмор?

Тоа е тема за која постојано се дебатира. Ги споредуваме цените во Црна Гора и Грција, но никој не помислува на вртоглава бројка од 150 евра.

Токму таа сума – 150 евра – ќе треба да одвоите ако сакате да се одморите на плажа во Будва. Имено, толку се наплатува за уживање на плажа на еден хотел.

Но, покрај лежалки, чадори и крпи, добивате и шише од популарниот алкохолен пијалок, или ладен чај, овошје и четири шишиња вода.

Тоа е плажа на луксузен хотел, кој има пет sвезди. Цената на престојот се движи од 970 евра па нагоре.