Оваа неверојатна приказна ја раскажала една од организаторките на венчавката на „Токток“, која тврди дека свекрвата и ставила парче торта од кокос во устата на невестата, на кој, патем, невестата била алергична.




– Се започна нормално. Добив порака во документите во која се наведува дека невестата е многу алергична на кокос. Секако, слаткарите го знаеја тоа, па не ставија кокос во тортата – раскажа организаторката Кели и наведува дека била изненадена кога видела дека пристигнуваат нови колачи за време на венчавката.




Мајката на младоженецот рече дека таа ги нарачала, бидејќи се плашела дека нема да има доволно колачи за сите гости.
Кога младенците ја пресекоа тортата, свекрвата почнала да врши притисок врз снаата да ги проба и другите колачи.




– И принела кокосова торта до устата, невестата се бранела, а младоженецот викал да не го зема бидејќи била алергична … – раскажува Кели.
– Никој во собата не се помрдна. Младоженецот зјапаше во својата мајка со отворена уста. Невестата изгледаше преплашено и испаничено … А мајката на младоженецот која се обиде да ја отруе својата идна снаа изгледала како да не и е грижа Потоа ситуацијата ескалираше.




Младоженецот полуде и ја фрли тортата што ја зеде од својата сопруга. Тој поцрвене и почна да вика по својата мајка: “Ти си страшна личност, никогаш не ја поддржа нашата врска, ова е ново дно, дури и за тебе. Можешеда ја испратиш во болница. Можеше да доживее анафилактичен шок”, прераскажа Кели.




Младоженецот, наводно викал на неговата мајка додека таа не се свртела кон него и смирено му рекла: „Мил, несреќи се случуваат секој ден“.




– После тоа, таа се врати на своето место, ги зеде своите работите и ја напушти венчавката. Социопат, 110 проценти – заврши организаторката.
