Големата популарност која ја стекна на социјалните мрежи, Никол Даунс (21) им ја должи на видеата која ги објавува а со кои го прикажува животот со својот 33 години постар партнер Мајкл.

Имено, откако таа го запознала Мајкл нејзиниот живот драстично се променил бидејќи тој и купува се што таа ќе посака и ја осипува со разни подароци. Па така, Никол не секогаш се осмелува да го прикаже целиот луксуз во кој таа живее, пишува Сан.

Подароците со кој тој ја осипува младата Никол се најчесто дизајнирани торби од брендот Луј Витон, до облека од најлуксузни брендови. Покрај тоа, тој и ги плаќа сите пластични операции како што се ботокс, пополнување усни, а од неодамна и бразилско подигнување на задникот.

Двојката прв пат се појавила во јавност откако Никол објави фотографија од нив на социјалните мрежи во август 2020 година.

-Јас никогаш не објавував фотографии од мене и моето момче со кое сум во врска повеќе од една година. Откако се запознавме ние сме неразделни. Но решив да не објавувам и тоа поради голема разлика во години помеѓу нас. Не сакав да се справувам со негативните коментари од другите луѓе. Но ова е мој живот и го правам она што ме чини среќна, вели таа.

За жал, и покрај ваквата објава таа доби низа негативни коментари, а најчести се оние кои велат дека таа е со него заради пари.

Оттогаш, Никол објавува разни смешни видеа на ТикТок на кои покажува како таа бара пари од Мајкл. На едно видео таа и признала дека го користи за пари и дека е премногу убава за да работи. Сепак, таа и открила дека сака да се омажи за него и да го помине остатокот од животот со Мајкл.

/Vecer.mk