Иван Иванов син на претседателот Ѓорѓе Иванов, од политички науки љубител на музиката до инспиративен поет пред неколку дена ја промовираше стихозбирка „Невино време“: Јас гневнеам низ сопствените стихови.
Збирката поезија на универзитетскиот професор, поет и музичар Иван Иванов „Невино време“ одекна во јавноста со силината на емоциите и родољубието. Како ретко кој од помладата генерација во државата тој преку своите стихови одлучи да ја воспее татковината. Овој сестран млад човек за весникот ВЕЧЕР вели : „Секоја генерација одбирајќи го својот пат гледа подалеку од своите претходници.




А гледа подалеку само поради тоа што е на рамена на џинови. На магови кои дали преку музиката, дали преку пишаниот збор не правеле компромиси…“. На младиот Иванов не му тежи ниту бремето кое го носи како син на поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, напротив, ќе рече: „Од мојата најрана возраст бев воспитуван во духот на моралните вредности во животот“




„Невино време“, Вашата прва збирка поезија промовирана неодамна, предизвика голем интерес. Иако можеби јавноста едноставно само сакаше да слушне што има тоа да каже синот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, сепак остана затечена од силината на емоциите што ги искажавте преку стиховите во оваа книга. Што беше главната провокација за еден ваков чекор,




со оглед дека на јавноста и бевте познати пред се по љубовта кон музиката?
Отсекогаш сум бил вљубеник во пишаниот збор. Во нашиот дом покрај плочите, книгите заземале големо место. Како на полиците така и во душите. Тие две уметности паралелно ме обликувале како личност. Покрај музиката без која животот би ни бил празен, поезијата беше мој најдобар пријател во формативните години. Години кога сакав да го разберам светот и кога одговорите на многу прашања ги барав низ стиховите, кои како раснев ми нудеа повеќе прашања отколку одговори.




Преку Рацин, Вапцаров, Караманов, Неделковски, ја спознавав душата на нашиот народ. Сакав преку нивниот збор да бидам дел од собитијата кои надвиснувале над нашата земја и барем за момент можев да се вратам со духот во тоа време.




Преку нивниот збор ги запознав народните страданија и маки, но и нескротливиот непокор и пркос кои се во нашиот генетски код. Се восхитував на храброста да творат и се борат за нешто кое некој сакал да го фрли во заборав. Впрочем истото она бреме на нивното време е исто со она со кое сме соочени денес. Бев восхитен и инспириран од нивната одважност и нивното промислување кое на крај го платиле со својот живот верувајќи во идеал. Затоа и се бесмртни. И поради тоа, денес гневнеам кога гледам како некој им се пазари со душите и со животот им по смртта. Инспириран од нивната борба со перото, сакајќи да ја отсликам состојбата во нашата држава, но и во својата душа, на еден сосема спонтан и природен начин настана “Невино време”.




Освен тоа, тој ја побара за жена својата дологодишна девојка, а тоа се дел од причините за гостувањето во Бекстејџ и досега откри нови работи, ви пренесуваме што тој конкретно изјави за неговата избраничка!




“Во животот ми влезе личност што ми го облагороди моето време, некако си се надоплнивеме си занев дека тоа е тоа уште од самиот очеток знаев дека таа е жената на мојот живот.”




Иван исто така потенцира дека имал пеперутки во стомакот и дека тоа му било пресудно, стомакот никогаш не лажел и по тоа одлучил дека таа е личноста со која сака да го помине животот.
Иван откри дека девојката го освоила со шармот со убавината со нивото на размислување на работите околу себе…




Ќе почека да заврши пандемијата и ќе правел голема традиционална македонска свадба.
