Откриено е како изгледа денот на претседателот на Русија, што јаде, како вежба …




„Ако сакате да го насмеете Владимир Путин, дајте му опасно куче и јајца од препелица. Оваа, но и многу други приватни информации за рускиот претседател, се појавија во книгата „Кревка империја: како Русија се заљуби во Владимир Путин“ од Бен Џуд, во која ги објави резултатите од тригодишното истражување и анализа на еден од најмоќните луѓе на планетата.
Руската исхрана се заснова на чорби, супи, варени јадења од скромни состојки. Русите првенствено јадат многу здрава храна како кисели краставички и лук, цвекло и компири, кои се одлични извори на железо и витамин Ц, а кои се практично неизбежни на руската трпеза.




Путин сака житарки и мед, тој обично појадува овесна каша или леќа, со додавање на просо и мед од Алтај. Денот често го започнува со омлет со младо сирење, а сака и јајца од препелица.
По појадокот Путин пие здрави сокови, а потоа кафе. Своето време потоа го посветува на утринските тренинзи, најчесто во форма на двочасовно пливање.
Кревањето тегови е негова секојдневна рутина која го прави силен и витален и на тоа се посветува по кратка пауза од пливањето.




Обично не руча бидејќи нема време, па затоа има лесна вечера со млечни производи, особено кефир.Неговата исхрана најмногу може да се дефинира како медитеранска, а најчесто избегнува преработени производи и алкохол. Сепак, повремено сака да пие вино или пиво, а се буди со зелен чај.
Не консумира слатки, но има една храна на која не може да и одолее, а тоа е сладолед.




Целите житарки често се на неговото мени, ваквите каши го продолжуваат чувството на ситост и го стабилизираат шеќерот во крвта.
Бидејќи повеќе сака риба отколку месо, таа обезбедува доволен внес на омега-3 масни киселини. Внесувањето на лесни протеини се балансира со јагнешкото и на тој начин обезбедува доволно извори на железо.
