Колку пати сте го кажале зборот љубов? Мажи или жени, кој повеќе мисли на „тие работи“?

Постои верување дека овој збор е секогаш во главите на мажите, додека на жените ќе им биде тешко да признаат дека размислуваат за тоа, што, се разбира, не е точно.

Жените размислуваат 18 пати на ден

Студијата на една страница за запознавање на која учествувале оженети луѓе, покажала дека дамите имаат такви мисли во главата многу почесто отколку што сакаат да признаат, поточно – 18 пати на ден! Резултатите покажуваат дека припадничките на понежниот пол во просек размислуваат за водење љубов 51 минута, доколку сметаат на спиење осум часа дневно.

Мажите размислуваат на секои 28 минути.

Што се однесува до мажите, тие најмногу го оправдаа митот дека за нив е речиси опсесија, бидејќи се покажа дека размислуваат за тоа на секои 28 минути, што е сепак помалку во споредба со општото верување дека тоа го прават неколку минути. Истото истражување откри и дека 59 отсто од жените редовно фантазираат со својот поранешен партнер, додека 49 отсто од мажите размислуваат за тоа.

Каде мажите сакаат да водат љубов?

А знаете ли каде мажите сакаат да водат љубов? Повеќе од половина рекле дека идеалното место им е под туш, покажало друго истражување. Оние кои го пробале тврдат дека просторот е како создаден за страст и задоволство, а 81 отсто од нив би повториле такво искуство.

Експертите тврдат дека машката опсесијапод туш и не е толку бесмислена. Бидејќи секој ден се тушираме, зошто да не го „зачиниме“ со водење љубов? А кога станува збор за сезоната, 56 отсто од испитаниците сметаат дека летото е идеално за водење љубов.
Дали се согласувате?