Нема сомнеж дека овој потег ќе привлече патници и ќе донесе профит за работодавецот

Стјуардесата на индиската авиокомпанија „Спајс Џет“, Ума Менакши малку се опуштила за време на летот каде немало патници, па заиграла во авионот, што предизвикало грст критики на социјалните мрежи и лавина коментари.

Според ДНК Индија, таа во позадина ја отсвирила популарната индиска песна „Мера Јаар“, па танцувала за своја душа, не замислувајќи дека нејзината колешка ќе ја сними.

Кога сфатила дека ја снима, се потрудила дополнително да ги покаже своите танцувачки способности, а потоа видеото го објавила на својот Инстаграм профил.

Штом го објави, почнаа критики и коментари, а особено воодушевени од нејзините вештини беа машките членови, кои веќе почнаа да се распрашуваат за цените на летовите и линиите на кои работи Ума.

Исто така, многумина во коментарот сакаа да знаат дали стјуардесата е сама или има момче.