Човек од Индонезија по име Коирул Анам ја доживеал својата 15-минутна интернет слава или како што популарно се вели станал вирален. Причина? Тој се оженил со Рајс Кукер (кујнски апарат кој готви ориз).




Овој човек од Јава на Фејсбук објави слики од својата венчавка. Младоженецот бил облечен во традиционален бел костум, а неговата „електрична мила печка“ имала бел превез.




Младоженецот со објава на Фејсбук објасни зошто се оженил со Рајс Кукер.

– Таа е бела, љубовна и послушна. Без неа, мојот ориз никогаш немаше да биде сварен – пишува Коирул.




-Тоа е моја одлука, донесена со голема тешкотија, но таква каква што е, нема идеален партнер.




India Today наведува дека овој млад човек е познат по честите шеги кои ги прави за да ги забавува своите следбеници на мрежите, а овој пат успеал во тоа бидејќи неговата приказна ја пренесоа сите светски медиуми.
