Поставен е нов рекорд за најкраток брак во историјата.

Имено, еден пар од Ирак се развел за време на нивната свадбена прослава во Багдад, веднаш по размената на брачните завети (што значи дека нивниот брак траел неколку минути).

Според локалните весници, невестата ја побарала сириската песна „Месаитара“ од пејачот Ламис Кан пред да размени завети, што го шокирало младоженецот, бидејќи насловот на песната се преведува како „Јас сум доминантен“ или „Ќе те контролирам“.

Јас сум доминантен, ќе владеам со тебе по мои строги правила, ќе те полудам ако гледаш други девојки на улица. Да, јас сум доминантен, ти си моето парче шеќер. Се додека си со мене, ќе одиш под моја команда.

Младоженецот, очигледно, премногу лично ја доживеал оваа младешка шега и не можел да го преболи понижувањето кое го доживеал пред многудетно семејство.

Тој инсистирал да се прекине песната, а почнал да се расправа дури и со членовите на младото семејство. Нејзиното семејство, секако, застанало на нејзина страна, а во еден момент се приклучиле и членовите на потесното и поширокото семејство на младоженецот, кои исто така гестот на младоженецот го сфатиле како голема навреда.

Причината е, ни помалку, ни повеќе, од музиката. Настана општа гужва и целата прослава се распадна.

Не можејќи да најде решение, младоженецот решил да се разведе, неколку минути по бракот.

Интересно, ова не е прв пат бракот да се распадне за време на самата венчавка поради оваа песна бидејќи слична ситуација се случи минатата година во Јордан. прнеоси „ Хајат “.

Дали сметате дека причината една песна треба да заврши вака фатално?