Популарната водителка Наташа Павловиќ со посебен режим на исхрана ја доведе својата фигура до совршенство, а ова се нејзините совети




Водителката на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ ја сподели својата рутина кога се во прашање исхраната и слабеењето. Имено, нејзината горна граница за префрлување на различна диета е кога тежината покажува 60 килограми.
Всушност, Наташа посочува каков и е карактерот кога ќе реши да ослабе, а најтешко и е како и на повеќето да се откаже од слатките, затоа што од слатките.




Најголем проблем со килограмите Наташа имала кога на 16 години од Хрватска дошла во Србија. Потоа вели дека имала речиси 70 килограми, подоцна со одредена диета ја средила тежината.
– Најдобро е постепено слабеење, тоа трае подолго, но нема јо-јо ефект. Одамна го открив најлесниот начин за слабеење, а тоа е да не мешате јаглехидрати и протеини. Кога сакам брзо да ослабам, не вечерам. Секако, најдобро е диетата да ја комбинирате со малку рекреација.




Пред да имам две деца и да почнам да работам како „Практична жена“, редовно тренирав. Сепак, во последните неколку години имам премногу обврски и не стигнувам на тренинзи. Вежбањето најмногу ми се сведува на трчање по децата кога сме надвор – изјави водителката за „Информер“.
Мени
- Појадок : Интегрален колач со јогурт
- Ручек : Месо на скара со варен зеленчук и свежа салата
- Вечера : Туна со пиперка




Совет : бидете умерени во исхраната. секогаш кога јадете во нормални количини тоа сигурно нема да ве доведе до дебелеење.
