Непосредно пред целта тој ја загуби ориентацијата и почна да се врти за да најде излез, додека неговиот тим во паника се обидуваше да му покаже каде да оди, па дури и се обиде да го скрши мразот.




Професионалниот спортист предизвика општа паника откако наеднаш се дезориентираше додека се обидуваше да плива под замрзнато езеро.




Станува збор за Словакот Борис Оравец кој има долгогодишно искуство со екстремни спортови.




Оравец тргна самоуверено, но непосредно пред финишот ја загуби ориентацијата и почна да се врти за да најде излез, додека неговиот тим во паника се обидуваше да му покаже каде да оди, па дури и се обиде да го скрши мразот.
