Дали јадењето ореви може да биде клуч за здраво срце? Новото истражување покажува дека конзумирањето на грст ореви обезбедува моментална заштита од срцеви заболувања. Редовното внесување ќе обезбеди трајна заштита.




Научниците забележале значително подобрување на нивото на холестерол и васкуларната флексибилност, што помага за добар проток на крв, само четири часа откако луѓето консумирале ореви или масло од орев.




Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање долгорочно би заштитило од кардиоваскуларни болести.




„И само една шака ореви или масло од орев четири дена во неделата може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања“, рече др. Пени Крис-Етертон, професор по исхрана на Универзитетот Пен Стејт во Пенсилванија.




Оваа студија беше првата која идентификуваше кој дел од оревот дава најголеми здравствени придобивки. А само едно консумирање од три лажици (51 g) масло од орев ја подобрува состојбата на крвните садови по само четири часа.




Се покажа дека маслото од орев е особено добро за зачувување на функцијата на ендотелијалните клетки. Тоа се клетки кои ги обложуваат крвните садови и играат важна улога во нивната флексибилност, пишува Аура .




Оревите содржат омега-3 масни киселини, растителни стероли и витамин Е, кои го намалуваат холестеролот и ги штитат крвните садови.
