Кога помислувате на пржење храна, ви се крева косата од помислата да го исчистите маслото што се прска при подготовката?

Постои едноставен трик како да го спречите ова прскање, а ретко кој го знае тоа.

Трикот за да го спречите тоа е да додадете малку сол во тавата веднаш штом ќе го додадете маслото пред да се загрее.

Покрај тоа, добро исушете ги состојките пред да ги ставите во маслото. Исто така, важно е храната што ја ставате на загреаното масло да не е влажна (тоа е комбинацијата на влага и врело масло што доведува до прскање). Исушете ги и лесно спуштете ги во тавата, од што помала висина.

За да биде вашата кујна што е можно почиста по пржењето, важно е тавата да не е премногу плитка. Затоа, користете подлабок или уште подобро шерпа, пишува Жена Блиц.