Во последно време водителката Јована Јеремиќ привлекува внимание со секој чекор што го презема, а сега раскажа не толку убава анегдота што и се случи на црногорското приморје.

Имено, водителката доживеа срцев удар додека беше во Црна Гора, а клучна улога имаше нејзиниот сопруг Воислав Милошевиќ, кому може да му се заблагодари што е жива денес.

Доживеав поблага форма на срцев удар, кој, за среќа, не остави никакви последици. Никогаш не ми падна на ум дека вакво нешто може да ми се случи. Се сончав читајќи книга и во еден момент пеколно се загреав, па буквално истрчав кон морето и скокнав во водата.

Одеднаш ми се слоши, почнав да се давам. Страшна болка во градите ме парализира, ми снема воздух. Воја забележа дека нешто ми се случува, ме извади од водата, ми даде вештачко дишење и веднаш ме однесе во болница.

Ми рекоа дека тоа е срцев удар затоа што скокнав во студената вода прегреана. Тие ми ги направија сите потребни тестови и ја примив терапијата што редовно ја пијам. Па, сè е во ред благодарение на мојот сопруг. Тој ми го спаси животот, а јас му го уништив одморот – рече таа за „Свет“.