Лаура на својот профил на TikTok откри дека била среде бразилска депилација, на 17-годишна возраст, кога козметичарката открила дека е бремена.




„Имав 17 години кога отидов на првото бразилско отстранување на влакна. Ми беше многу непријатно. Тогаш носев кратко здолниште, па ја прашав козметичарката дали можам да го задржам здолништето и само да ги соблечам гаќичките”.




Лаура вели дека депилацијата била многу болна за неа и дека восокот и бил жежок, па плачела од болка и покрај тоа што козметичарката и рекла дека восокот воопшто не е премногу топол. И тогаш и рекла: “Не си бремена, нели?”
„Се разбира дека не“, одговорила Лаура.




После тоа, размислувала кога имала последен циклус и сфатила дека навистина може да биде бремена.
„Првата личност која се посомнева дека сум бремена е жената која ми правеше бразилска депилација“ – вели таа.




После ова видео кое го објави на TikTok, нејзините следбеници останаа шокирани од начинот на кој дознала дека е бремена.




„О, Боже мој, каков начин да дознаеш дека си бремена“, „Се депилирав со години, но веднаш престанав кога забременив. Беше толку болно!“, „Не верувам дека си дознала од козметичарка дека си бремена“ – коментираат други./Вечер
