Погледнете какви промени во интимниот живот пристигнуваат во четириесеттите…




Кога ќе влеземе во четириесеттите, хормоналните промени се неизбежни.
Со промените во телото и расположението, се менува и апетитот за водење љубов.




Кога ќе зачекориме во четириесеттите години, хормоните полека почнуваат да се менуваат. А тоа може да доведе до тоа жените да имаат помала желба за водење љубов. Може да се случи и на жените да им треба повеќе време за да бидат подготвени и да страдаат од сувост на вагината.




Овој притисок може да се намали со помош на лубрикант. Исто така, разговорот со партнерот ни помага повторно да почнеме да уживаме. Многу е потешко да забремените




Колку е постара жената, толку повеќе се намалува квалитетот и квантитетот на јајце клетките, па е потешко да се забремени.
Почесто доживувате оргазам




Митот е дека жените во зрелоста не можат да доживеат оргазам. Имено, жената со години има повеќе искуство и самодоверба. Таа е поотворена и повеќе ужива во овој чин. Ова се причините поради кои жените во четириесеттите години доживуваат оргазам многу полесно од порано.




Мажот може подолго да го одложи оргазмот
Како и кај жените, нивото на хормоните се менува со возраста.




Ова води до фактот дека тој може подолго да го одложува оргазмот и поинтензивно да ужива во водење љубов. На тој начин ќе има повеќе време за партнерката, а со тоа и поголема веројатност за заеднички оргазам, пишува Стил .
Ќе најдете нови начини да се забавувате во кревет




Ако не ви оди како порано во кревет, ова е можност да внесете новина во вашиот живот. Пробувајќи нови работи, ќе имате повозбудливи нови искуства.
