Прашањето од милион долари е: Kаде е моментално рускиот претседател Владимир Путин ?




Според истражувачката новинарка Криста Грозева, Владимир Путин би можел да биде во близина на Сургут во западен Сибир на околу 3.000 километри североисточно од Москва.




„Летовите се вршат во тајност, тоа се државни авиони кои ги исклучуваат транспондерите кога се приближуваат до Сургут. Веројатно има елитни бункери за високи членови на власта“, тврди Грозева.




Од почетокот на инвазијата на Украина, рускиот претседател ретко патувал. Освен претседателскиот авион, единствено превозно средство му е оклопна лимузина, која како лепенка ја крпат возила со вооружени војници и експерти за да се спречат атентати со бомби или беспилотни летала врз Владимир Путин.




Иако кријат конкретни информации за претседателската лимузина, Русите наведуваат дека таа е 100 отсто домашен производ на марката Aurus Motors, помоќен дури и од Cadillac – возилото на американскиот претседател.




Оклопниот седан на Владимир Путин, Aurus Senate е долг речиси седум метри и тежок шест тони, а го придвижува 4,4-литарски V8 мотор со 600 КС.




Опремен е со софистициран комуникациски арсенал, вози на гуми „run-flat“, може целосно да се потопи во вода и е отпорен на напади со хемиско оружје. Покрај резервоарите за кислород, експертите велат дека патниците би преживеале и тактички нуклеарни бомби.

Стаклото е дебело шест сантиметри, а автомобилот е изработен од челик и титаниум. Резервоарот за гориво е исто така блиндиран и полн со специјална пена која спречува експлозија дури и во случај на директен удар.

Американскиот претседател има на располагање 12 идентични автомобили Cadillac кои најчесто служат како мамка, додека не е познат точниот број на лимузините на Владимир Путин.
