Влијанието на дождот, загадувањето и нуркачите направија овие суштества да се појават на плажата.

Толпи чудни суштества се насукаа на плажите во Австралија по неколкудневни рекордни врнежи. Експертите биле шокирани кога виделе фотографии од мртви риби од Нов Јужен Велс, пишува Mirror.

Морски змејови се видени на три места на брегот, а се верува дека водата предизвикала 10 пати повеќе морски животни на плажите од вообичаено.

Дејвид Бут, професор по морска екологија на Технолошкиот универзитет во Сиднеј, вели дека сето тоа е последица на комбинација од шокантни временски услови, загадувачи кои завршиле во водата и големите активности на сурферите.

– Често можат да се најдат во австралиските води, но необично е да талкаат толку далеку од дома. Се проценува дека возрасните се оддалечуваат само 50 до 500 метри од местото каде што се родени – изјавил тој.

Суштествата, познати и како обични морски змејови, се популарни кај нуркачите поради нивните препознатливи светло жолти и виолетови бои. Тие можат да достигнат и до 45 сантиметри и обично живеат меѓу корали и во близок контакт со морските коњи.

Тие претходно беа на листата на загрозени видови, но во 2019 година беа префрлени на листата на животни кои не се загрозени.

Меѓутоа, сите што се обидуваат да ги ловат без дозвола, прават прекршок.