Изненадувачки е колку често се случува цртаните филмови да предвидат некои актуелни настани во светот




Не е невообичаено цртаните филмови да „предвидуваат“ моментална ситуација во светот. Всушност е изненадувачки колку често тоа се случува.
Така на интернет се појави уште едно тврдење кое зачуди многумина.




Пред неколку дена бевме сведоци дека Украина го погоди познатиот руски брод „Москва“, со ракетата „Нептун“, која потоа потона, за што Ленс веќе пишуваше .




– Ракетите Нептун кои го штитат Црното Море му нанесоа многу сериозна штета на рускиот брод. Слава на Украина! – напиша тогаш на Телеграма гувернерот на Одеса Максим Марченко.




Имено, на интернет сега кружи извадок од советски цртан филм од 1973 година, во кој млади истражувачи во „Нептун“, како што ја нарекуваат ракетата, пронаоѓаат нацистички потонат брод со ознака „Z“.




Сите се прашуваат дали ова е само случајност. Останува нејасно кога точно се мисли на тоа, со оглед на тоа што е познато дека ознаката „Z“ ја користи руската војска.
Останува да видиме дали зад ова се крие голема тајна.
