Најевтиниот начин за правење и уживање риба е да ја испржите!




Наскоро доаѓа Богородичниот пост и доколку го следите ви предлагаме да направите риба која е евтина, супер вкусна и брза за подготовка. Сите состојки освен рибата ги имате дома.




Можете да го послужите со салата од компири, но и со пире од целер или грашок. Ароматично и едноставно, а ќе потрошите околу 15 минути.
- Состојки:
- 2 филети од риба (по избор)
- 60 гр пченкарно брашно
- 1 лажичка пиперка
- 1 лажичка сол
- 1/4 лажичка бибер
- 1/2 лажичка мешани билки




Подготовка:




Измешајте ги пченкарното брашно, пиперката, смесата од тревки, сол и бибер. Потоа во добиената смеса расукајте ги филетите од риба, убаво од сите страни. Во тава загрејте го маслото, па наредете ги филетите.




Пржете од двете страни додека не поруменат (околу 3 минути од секоја страна).




Наздравие!
