Една жена се пожали на форум дека пар кој го запознале дал непристоен предлог.

Мојот сопруг и јас се преселивме во друг град на почетокот на оваа година. Неколку недели после тоа, запознавме навистина одличен пар кој живее во наша близина и почнавме многу да се дружиме со нив, ја започнува приказната на една анонимна жена на британски форум за љубовни неволји.

– Имаме многу заедничко – возраст, кариера, хоби и многу повеќе. Забавно е да се биде во друштво на толку интересен и атрактивен пар – ги пофалила, пренесува Mirror.

Меѓутоа, за време на една вечерна сеанса, тие добиле непристојна понуда што на почетокот не ја сфатиле сериозно.

– Пред неколку дена бевме кај нив вечерта и човекот се пошегува дека треба да ја „преместиме забавата во спална соба“. Во тој момент звучеше како шега, јас и мојот сопруг се насмеавме и продолживме да разговараме со нив – напишала жената.

Дека нивната сосетка не се шегува ѝ стана јасно кога се поздравија.

– Меѓутоа, кога се враќавме дома, човекот се наведна и ми шепна: „Размисли што реков. Многу би се забавувале“. Сега не сакам повеќе да ги гледам затоа што се чувствувам многу непријатно! Мразам помислата на тоа. Нема шанси јас или мојот сопруг некогаш да се согласиме на такво нешто. Ние едноставно не сме такви луѓе – објасни таа.

Проблемот со кој се соочила оваа жена е следниов: Не е сигурна дали сепак сака да се дружи со парот бидејќи се плаши да не се повтори понудата. Ниту на сопругот не му е удобно.

– И жал ми е што толку добро се сложувавме… – завршува таа.

На форумот, советник за односи, кој се претстави како Колин, им понуди одговор на проблемот и им рече дека ќе мора да го решат проблемот на еден од двата начини.

Или директно ќе им кажат дека не се заинтересирани за такви активности или дека треба да се оттргнат од нив и да најдат нови пријатели. И во двата случаи поентата е што не се срамат и дека можат нормално да продолжат без страв дека некаде ќе ги сретнат и потоа ќе имаат незгодна тишина со нив.