Жената која го посвоила бебето на својата сестра се нашла во страшна ситуација, бидејќи истата таа сестра барала детето да и се „врати“.

Една анонимна жена неодамна објави застрашувачка приказна на Редит во која објаснува дека пред седум години со најдобра намера го посвоила детето на нејзината сестра откако било ставено на посвојување.

– Неплодна сум и знаев дека не можам да имам деца, па кога мојата помлада сестра одеднаш забремени на 18 години и рече дека ќе го даде бебето на посвојување, решив да ја посвојам – напиша таа на Редит.

– Забременила случајно откако ноќта ја поминала со маж кој не го познавала, а кога се породила и добила девојче не знаела како да го најде и да го контактира.

Така анонимната легално го посвоила бебето и случајно завршила со мажот кој бил татко на девојчето.

Таа објасни: “Мојата сестра налета на него во клубот и му кажа сè. Го запознав и тој веднаш стапи во контакт со ќерка ми, тој човек сега е мојот сопруг веќе седум години”.

Таа наведува дека веќе некое време не е во контакт со сестра и и дека била изненадена од нејзиниот повик. Имено, нејзината сестра и кажала дека се омажила минатата година но дека нејзиниот сопруг е неплоден. Свесна е дека тешко ќе забременат, па сака да си ја врати ќерката која ја дала на посвојување.

Пишувајќи на Reddit, таа додаде: „Бев шокирана, па по неколку моменти и реков дека е секогаш добредојдена да ја запознае мојата ќерка и да се претстави како тетка“.

-Можеме сите заедно да седиме и да разговараме за се, но таа не може да бара од мене да се откажам од моето дете – објаснила жената и додала дека нејзината сестра и се заканувала со тужба бидејќи сепак таа е биолошката мајка.

– Дури после таа закана и кажав за мојот сопруг и тогаш таа експлодира од бес. Ми кажа дека и го украдов животот – напишала анонимната жена и додала дека после тоа станала премногу емотивна и ја спуштила слушалката.

Бидејќи не била сигурна дали постапила правилно, побарала мислење од многу корисници на Редит и речиси сите застанале на нејзината страна.

– Почекај малку, твоето дете сега има седум години, а сестра ти мисли дека може само да дојде, да го земе детето и да каже „Јас сум твојата нова мајка“ – напишал еден корисник.

– Сестра ти е неверојатна. Таа сака да го одвои детето од семејството, за да има „совршено“ семејство и да се однесува како мајка – напишал друг корисник.