БЕЛГРАД – Компанијата Ер Србија денеска објави конкурс за регрутирање на нови членови на кабинскиот екипаж, поради планираното проширување на мрежата на дестинации и обемот на сообраќај во наредниот период.




Заинтересираните кандидати кои имаат најмалку 18 години, имаат завршено средно образование и течно го познаваат англискиот јазик можат да се пријават на конкурсот до 10 август.




Директорката за човечки ресурси во Ер Србија, Милица Нетковиќ, рече дека како и претходните години очекуваат голем одзив и интерес од колегите со искуство во воздушниот сообраќај, во угостителството, но и од оние кои се млади и неискусни, но сакаат да влезат во оваа „динамична и убава индустрија која отвора бројни можности“.




Подготвени сме на сите да им понудиме можност за понатамошен професионален раст во компанија која е препознаена како еден од најдобрите работодавци во Србија“, рече Нетковиќ.




Ова е втор конкурс на Ер Србија годинава за регрутирање на нови членови на кабинскиот екипаж, а на претходниот беа вработени 28 лица.
