Најголемата ајкула во нашите океани веќе има репутација на нежен џин и се чини дека го исполнува тој епитет повеќе отколку што се мислеше.

Китовите ајкули (Rhincodon typus) се хранат со филтрирање на водата, а научниците мислеа дека на тој начин ги одвојуваат малите животни . Меѓутоа, дополнително истражување покажало дека тие се сештојади и дека јадат и растенија. Помеѓу мноштвото ситни морски суштества што ги собираат китовите ајкули се зеленилото составено од алги и други фотосинтетички организми. Се разбира, овој вид на храна е невозможно да се избегне, но истражувачите се интересирале дали оваа морска вегетација е само „гарнир“ со месото или, пак, салатата е неопходна за здраво функционирање.

Истражувачите кои ги испитуваат примероците од измет и кожа открија што всушност користат овие океански џинови, долги најмалку 10 метри, од огромните количества вода што минуваат низ нивните дигестивни патишта.

– Изметот покажа дека јадат планктонски ракови – вели биологот океанограф Пети Вирту од Универзитетот во Тасманија. – Но, тие не метаболизираат многу од тоа.

Наместо тоа, китовите ајкули, кои се вистински ајкули со ‘рскавица наместо коски, се чини дека своите хранливи материи ги добиваат од огромни количини алги.

Најголемата видена кит-ајкула (лат. Rhincodon typus) била долга 18,8 метри. Постојат тврдења дека се видени индивидуи долги над 14 метри и тешки над 30 тони.

Кит-ајкулата е исто така најголемиот ‘рбетник што не е цицач. Припаѓа на родот Rhincodon, и е единствениот вид од тој род кој не е изумрен. Устата на кит-ајкула може да содржи преку 300 реда ситни заби и 20 влошки кои ги користи за филтрирање на храната. За разлика од многу други ајкули, устата на китовите се наоѓа на предниот дел од главата, а не на дното. Според еден извештај, кит-ајкула од 12,1 метри има уста со дијаметар од еден и пол метар.

– Ова не тера да размислиме за сè што мислевме дека знаеме за тоа што јадат овие морски суштества – вели биологот Марк Микаан од Австралискиот институт за морски науки. – И, всушност, што прават на отворен океан.

Анализата на ткивото на Микана и неговите колеги исто така покажа дека пронајдените масни киселини се исти како сештојади, а не месојади. Нивната кожа била богата со арахидонска киселина во доволно големи количини што може да се заклучи дека и китовите ајкули се хранат со микроалги.

Студијата од 2019 година, која исто така анализираше примероци од ткиво од кит-ајкула, исто така, покажа дека кит-ајкулите се хранат со барем некои видови храна што се ниски во синџирот на исхрана, како што се растенијата и алгите.

Покрај тоа, тие не се единствените ајкули кои се сештојади. Чекан ајкулите исто така јадат значителни количини морска трева . Чеканите мора да голтаат растенија додека ловат помал плен, како што се ракови, мекотели и риби кои се кријат во густа трева. Вака веројатно ја развиле способноста за варење на тој вид храна.