ПРОБАЈТЕ: Ноќна молитва кон Господ која ќе ве смири и ќе ви даде трпение
Пред спиење, помолете се на Господ, за да имате мирен сон.




Господи, не оставај ме. Господи, не воведувај ме во искушение. Господи, дај ми мисла добра. Господи, дај ми солзи и сеќавање на смртта и умиление. Господи, дај ми помисла за исповедање на гревовите мои. Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.




Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, всади го во мене коренот на добрината, и на стравот Твој во срцето мое. Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла, и во с¢ да ја творам волјата Твоја. Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти, и од секое друго недолично нешто. Господи, знам дека чиниш како што благоволиш; нека биде волјата Твоја и во мене грешниот, зашто Си благословен навек.




Амин!
Уште една молитва која е доста корисна и треба сите да ја знаете кога се молите кон господ Исус Христос.
По молитвите на Светите отци наши,
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нe.
Амин.




Цару Небесен, Утешителу, Духу на Вистината Кој Си насекаде и
сe исполнуваш, ризницо на блага и на живот подателу, дојди и всели се во нас,
и очисти нe од секаква скверност, и спаси ги, Благи, душите наши.
Свети Боже, Свети Крепки,
Свети Бесмртни, помилуј нe. …………(3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.




Пресвета Троице помилуј нe:
Господи, очисти ги гревовите наши;
Владико, прости ни ги беззаконијата наши;
Свети, посети нe и исцели ги слабостите наши,
заради Името Твое.
Господи помилуј. …………………(3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
