ВАЖНО! МЕРКА 112 – ПОМОШ НА МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ-Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.




ВОВЕД
Ова Упатство има за цел запознавање на корисниците со целта, начинот на спроведување и намената на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за Мерката: Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Упатството вклучува и објаснување по однос на процесот на доставување на документи, обработка на барањата, потпишување на договори, контрола на лице место и реализација на инвестициите.




Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.




Согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој, поддршката по Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.




Општа дефиниција за корисник




Потенцијални корисници за Mерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност се носители на земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и тоа




Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување




Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.
КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ
- Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство или новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
- Подносителот на барањето да има минимум средно образование од областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот план предвидува потреба од обука,
- Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и
- Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.




ВИСИНА НА ПОДДРШКА




Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 600.000,00 денари.
Корисникот на средства по Мерка 112 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата. Доделената финансиска поддршка е неповратна.




ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР HA КОРИСНИЦИ
Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 112. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка, се рангираат со бодување согласно подолу прикажаната табела. АФПЗРР ќе склучи договори во рамките на расположливите средства.
