Доволно е да посегнеме по две состојки кои сите ги имаме дома за да создадеме совршена смеса која ќе ни помогне во секојдневното чистење.

„Коцка за чистење бања“ – како да ја направите?

Нема потреба никого да убедувате дека природните материи во чистењето се побезбедни и често поефикасни од хемиските. Добро е однапред да подготвиме природни средства кои ќе ни помогнат во секојдневната борба со нечистотијата.

Овој пат ви предлагаме како да направите коцка која ќе биде совршена за чистење на тоалетот, кадата или дури и на тушот. Само со него истријте ги валканите делови.

За да подготвиме коцка за миење на тоалетот или кадата ни треба само малку вода, паста за заби и калап за коцки мраз. Само исцедете малку паста за заби во сад и додадете вода. Откако ќе ги измешате состојките, истурете ја смесата во калапи за коцки мраз. По пет часа можете да ги користите.