Полицијата утврдила дека зад воланот се наоѓа маж во несвест

Возач се онесвестил на воланот во северна Белгија на автопатот Е314, но неговиот автомобил поминал повеќе од 25 километри пред полицијата да го запре.

„Реното клио“ продолжило да се движи бидејќи ја имало контролата на патувањето и системот за одржување на возилото на сообраќајната лента, информираат од Ревија ХАК. Други возачи ја известиле полицијата кога забележале дека возилото се движи лево-десно во коловозната лента.

Полицијата утврдила дека зад воланот има онесвестен маж, па се обидела да го запре возилото. Полициското возило се позиционирало пред возилото и забавило така што се потпрело на него. Полицаецот потоа закочил за да ги запре двата автомобили, а возачот во несвест бил пренесен во болница.