Направивме предлог за еднодневно мени за четиричлено семејство, во кое ги вклучивме основните намирници кои најчесто се наоѓаат во семејниот фрижидер.




Во Македонија се води мртва трка меѓу сѐ повисоките цени и растот на платите, забележан од статистиката. Што поскапело се и колку? Па, одговорот на првиот дел од прашањето е едноставен – речиси сè.




Одамна е познато дека се што заработуваме ни оди во „стомакот“ и поскапувањето на ова поле најмногу ги погодува граѓаните. Но, нема промена во количината на купена храна. Граѓаните можат да купуваат поевтини видови месо, само сезонски зеленчук или да следат специјални цени.
Просечно четиричлено семејство дневно троши околу 1.100 денари за појадок, ручек и вечера. Месечно, тоа се околу 33.000, повеќе од просечната плата. Да, можеби, само вешта и вредна домаќинка, која купува на акции, може да ги намали трошоците.




Направивме предлог за еднодневно мени за четиричлени семејства, во кое ги вклучивме основните намирници кои најчесто се наоѓаат во семејниот фрижидер.
Ова мени е прилагодлив а различни вкусови. Во „дневниот буџет“ мора да има најмалку леб, чија цена денес чини 25 денари , млечни производи, месо, евентуално тестенини и секако овошје и зеленчук. Во вкупната цена ќе додадеме килограм овошје и зеленчук. Килограм краставица, на пример, е 40 денари, а килограм јаболка е 55 денари.




Појадок – Проја со сирење
Проја
За да го подготвите овој традиционален рецепт, потребни ви се пченкарно брашно, бело брашно (250 гр.), јогурт (1 л), кисела вода (500 мл), јајца (3 парчиња), сирење (250 гр.), прашок за пециво (1 парче) масло (100 ml).




Пресметувајќи ги моменталните цени на споменатите прехранбени производи, стигнавме до бројка од 235 денари.
Ручек – Пилешки ролни
Раженчиња, пилешко
За да го подготвите овој вкусен ручек потребни ви се следните состојки: пилешко бело месо 400 гр, сув врат 150 гр, сирење 150 гр, печурки 200 гр, путер 50 гр, брашно 50 гр, млеко 3-4 дл, сенф, сол, бибер , зачини.




Ги собравме сегашните цени на храната и пресметавме 600 денари.
Вечера – Летна Манџа
Состојки за подготовка на сатараш или беќач: Половина килограм пиперка, половина килограм домати, две големи главици кромид, 2 чешниња лук, 2 јајца, еден куп магдонос, сол и бибер и зачини по вкус.




Цени на сите јадења – 150 денари.
Кога ќе ги собереме цените на оброците, со еден леб, овошје и салата, добиваме вкупна цена од 1100 денари.
А кога семејството би се засладило со некое слатко, таа цена би се зголемила за најмалку 250 денари.




Во ерата на поскапување, но и брз живот, многу често е тешко да се комбинираат правење ручек, работа и грижа за децата и домот, а често се случува семејството да биде принудено да купи готов ручек во продавници за брза храна, ресторани или пекари. Но, во тие случаи, вкупната цена што едно семејство ја троши за храна може да достигне шест цифри.
