Туристка на плажа во Џенова доживеала голема непријатност кога раката и ја каснала дива свиња.

Жената која ја касна дива свиња на плажата во Џенова веднаш откако изеде пица е уште една од низата италијански граѓани кои доживеале блиска средба со овие животни. Таа по инцидентот рече дека Џенова е „град во пропаѓање“ , пишува The Guardian.

Нападот се случил на плажата во Стурла, област на овој град во северна Италија, каде Росана Падоан Фалконе (57) отишла да се опушти после работа во петокот вечерта.

„Бев на плажа и седев на крпа. Уживав во ветрето кога до мене се појави дива свиња: останав смирена, како што се советува во таква ситуација, но после тоа повторно дојде кај мене и ме гризна за рака “, изјави таа за La Repubblica.

Падоан Фалконе, која е активистка на италијанската Демократска партија, рече дека штотуку јадела пица кога се појавила „прилично голема“ дива свиња.

„ Мислев дека ја привлекува пицата и дека ќе се обиде да ја отвори картонската кутија со остатоците. Наместо тоа, таа ме касна“, рече таа.

Рекла дека врескала, а на помош и пришло едно лице на плажата бидејќи раката и крварила. Останатите луѓе кои биле околу неа панично избегале. Набргу по нападот била однесена во болница каде заедно со вакцината против тетанус и биле дадени антибиотици и лекови против беснило.

Иако ова не е прв пат диви свињи да се појават на плажата во Џенова, се чини дека е првпат свиња да касна некого. Во јуни, група од три диви свињи се обиделе да украдат храна од маса поставена од локални скитници. Се верува дека тоа е првпат некој да биде нападнат.

Минатата година диви свињи украле намирници на една жена во Рим. Свињите ја опколиле на паркингот на супермаркетот и ја нападнале. Тогаш луѓето почнаа да зборуваат за зголемениот број на овие животни кои се појавуваат во градовите.

Падоан Фалконе рече дека нападот на плажата е знак за „падот“ на Џенова.

„Неприфатливо е граѓаните да бидат изложени на таков ризик. Имаше родители со дете во количка до мене на плажа. Што ако свиња го каснало детето? На таа плажа доаѓаат и лица со попреченост, зошто ги ставам во опасност? Тоа мора да се реши“, рече таа, пишува The Guardian.