ВАКА ЌЕ КОРИСТЕТЕ 60% ПОМАЛКУ СТРУЈА: Само направете го ова, сметките ќе ви бидат МНОГУ ПОНИСКИ

Тричлено семејство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија за готвење, а постојат неколку трикови како да заштедите енергија во кујната
За струјата размислуваме и штедиме одамна, а со оглед на состојбите во цел свет, никому не му е гајле кога размислува за зима и греење, па не би било лошо да научиме неколку мали трикови за штедење.

Тричлено семејство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија за готвење, а постојат неколку трикови за заштеда на енергија во кујната.

Треба да готвите во покриен сад, бидејќи така заштедувате до 20% од енергијата, треба да користите и садови кои се пропорционални по големина на грејната површина за да избегнете губење на 20% енергија;

Кога водата ќе зоврие, грејната моќ на садот треба да се намали на најниската можна температура на која водата ќе продолжи да врие. На овој начин може да се заштеди до 60% од енергијата;

Најекономично готвење се прави во шпорет под притисок, што го намалува времето на готвење и потрошената електрична енергија за два до три пати;

Исклучувањето на рерната 10 минути пред крајот на готвењето може да заштеди до 20% енергија;

Кога ја користите рерната, пожелно е да ја отворате што е можно помалку бидејќи при секое отворање на вратата на рерната се губи 20% од топлината. Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тава чии радиуси одговараат на големината на колото. Радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.

Дополнително, може да се заштедат пари и енергија доколку во тенџерето се стави само потребната количина на вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија. Јајцата и зеленчукот може да се зготват на само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода. Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.