Превземен ФБ Статус Др. П.
На сабајле стегнуваш нос една лајца рибино масло одма потоа лимон ( незнам некому да му беше вкусно).Потоа жива жолчка или цело јајце во млеко или измиено јајцето дупнато со игла на врвот,малку солца на дупчето тука и го пиеш живо.Немаше хормони,салмонели во јајацата!

После млекото (секако пресно сварено),некој попара,некој со какао и шејчерпојчето сакаа исцедено да не го гледаат врвот на свареното млеко,некој во абдесана го истураше !(која мајка признаваше интолеранција на лактоза)Понекогаш и мед едно лајче или во млекото или на лепче намачкан или лајчето в уста.Нема нејчам,,, а да се најдеше млеч,природен несмееш да испуштиш таа шанса мораш и точка. !И после ако млекото не било попара лепче намачкано со нешто.Па на чколија(за нас беше училиште ама за бабите и дедовците наши беше чколија).Сами пешки,по пат цела сурија деца се здружувавме и заедно на училиште.На врајчање со тие другарки,другари со кои се врајчаш,на местото кај шо се разделувавме уште најмалку 30 мунити муабет.

Па дома,одма кај си досега,те скорнаа,знаеше шо имаш домашна.Оти ако не знаеш крив си ти,не смееш лошо да си писнал за наставниците Фрлаш ташна ,се миеш рацеПосле малку надвор да земиш воздух(ако секој одмор трчавме по школските дворови)
За ручек сите дома,Нема нејчам супа.нејчам манџа или салат се по ред.

Секој момент ќе побегневме на сонце на ветар,на снег дури и на ситен дождНадвор немаше промаја,немаше !.Ако не не` викнеа: ” ајде дома,имаш домашна (САМ да си ја напишеш”) И слушаш разни гласови ајде приберисе.,нема уличар да бидиш.Ако не те приберат.немаше да си појдиме додека се стемни Ко потпораснавме дома одма те чекаат со “Кај си Шетмаро” Излегување се знае прво ко че почниш да излегуваш од 5 до 6 сато приквешер па 0д 6 до 8 ако си малку поголем а ако си голем од 7-8 до 9-10 навечер( ко си стасан за на корзо!). После 10 Прилеп спиеше.Тивко,штурците само се слушаа.

А кога не почниш навечер да шеташ се знае го гледаш цртаниот филм во 7 и 15 навечер и полека заспиваш..или со чичкалици сакаш да ги држиш отворени очите ако беше Чкаља на телевизија(црно бело).А кога гледаш уметничко лизгање сањариш колку е убаво да е во боја.И сите гледаат тоа што го има на телевизор.А даљинското,кај мене дома бев јас оти бев најмала(кога пуштија и втора програма).

Трета недела сум откако станав баба и се присетив на моето детство пред повејќе и од пола век. Сакам и мојот внук да има среќно детство какво што имав јас Да биде среќен и безгрижен во детството секако и натаму во животот.Да ужива во животот,,да не е алчен на ситници да се радува.Да си биди златна средина во се` и многу среќен.

Сe ндевам за него ќе се вратат вистинските вредности во животот и на сите ќе им биде поприфатливо вистинското од виртуелното. Ние не знаевме за озонски дупки,за пм честички,за индекс на зрачење,…за 3-5-6 џи Кога че начекавме два-три пати годишно да лета авион ние сурија деца викавме чичко пушти книжина (летоците тогаш авионски се пуштаа)Ако стварно пуштат летоци тоа беше доживување.

Без компјутери,без виртуелни пријатели,без органска и неорганска храна.Сокови(и тоа штетни,нездрави) пиевме и тоа не секој ден како сируп за растворање!Најдобар бренд во исхраната беше еурокремот во пакување колку кибрит,и со минијатуртно лајче го лижевме,прво белото па црното а некогаш ги мешавме.Чекавме редица леб пред продавниците пд Житоприлеп по саат намалку жежок кога ке го донесат и бел дури појдиш до дома крешникот го нема!А за семки,трици ни велеа не јади стомакот че те фати,слепо црево че добиеш! А бомбиците од Инзап!Какво прскано овошје,овошките до пола сами си ги варосуваа со гасена вар)..зелени сливи,зелени кајсии.боболки зрели,директно од дрво(ама мајка ти никако да не дознае)

Немаше филинзи ,ботокси и на 60 години сите се знаеше дека се баби..немаше фотошоп.Дури се омажат слаби.Откако че родат се дебелеат демек од боза ,тулумби баклава се правело млеко(бабини деветини,млеко не се добива од благото само килограмите вишок се добиваат!)

Црно бела слика да имаш за вечен спомен специјално одиш на сликар(Василе сликарот мислам беше),На крај од школска година идеше сликар и сите во најново облечени исчешлани групно се сликавме.А јас многу сакав со црвен налив да им ги црвам устите на женсите особи на сликата(правев демек слика во боја!!!)

Баба Сени можеби за сега што се случува ти трба брајан протект(демек одма се врајчало памтењето!!!)ама детството не се заборава мили мои вистински и виртуелни пријатели.

Ќе завршам со мотото што им го остави Тоше на генерациите од нашите деца ВЕ САКАМ СИТЕ!