Што предизвикува ладна пот, а што предизвикува „топла“ пот и што е поопасно по здравјето?




Ладната пот во комбинација со температурата укажува дека е неопходно веднаш да се јавите на лекар! Според експертите, потењето може да значи две работи: интоксикација (труење) или внатрешно прегревање. Во првиот случај потта е обично ладна, во вториот потопла и ниту една од овие манифестации не е безопасна.




„Кога потта е ладна, мора да внимавате на белите дробови, бидејќи тоа може да биде воспалителен процес или влошување на некоја хронична болест. Потоа потребно е веднаш да се измери температурата, а доколку е покачена потребно е да се консултира лекар. Тоа е лош показател, знак дека телото се бори со болеста“, предупредуваат лекарите.




Експертите забележуваат и дека ако „исфрлите“ огромни количини ладна пот, тоа укажува на хиперхидроза, што укажува дека вирусот го нападнал вашето тело и дека се бори. Тогаш е многу важно да се консултирате со лекар кој ќе ви предложи понатамошни чекори.




Прекумерното потење може да укаже на други проблеми и посложени болести




„Прекумерното потење е болест и најчесто е проблем во ендокриниот систем. Најчесто може да биде придружена со тахикардија, поради што многумина бараат помош од кардиолог, но всушност проблемот е повеќе ендокринолошки“, предупредуваат лекарите.
