Не обрнувајќи внимание, човекот ги фрлил сите торби и продолжил понатаму, но на крајот имал среќа

Претприемач на грчкиот остров Лимнос направил необична грешка кога во контејнерот случајно фрлил вреќи со ѓубре во кои имало дури 19.000 евра.

Готовината што требало да ја однесе во банка ја ставил во три кеси за ѓубре и ги ставил во багажникот, пишува магазинот „Феникс“, но ги ставил заедно со кесата во која всушност имало ѓубре.

Не обрнувајќи внимание, човекот ги фрлил сите кеси во контејнерот и продолжил понатаму, но по кратко време сфатил што се случило.

– Погледнав наоколу и забележав дека торбата со пари веќе ја нема. Тогаш сфатив што сум направил – изјавил подоцна овој Грк.

Но, тој имал среќа кога се јавил кај надлежните бидејќи набрзо го лоцирале камионот со парите и ја вратиле целата сума што бизнисменот ја фрлил.