Леа (31) вели дека нејзините родители не и дозволувале да ги кубе веѓите кога била мала бидејќи мислеле дека треба да достигне одредена возраст и ја поттикнувале да се сака себеси, но таа многу им замерува.

Леа Гарсија (31) од Америка предизвика жестоки реакции кога на интернет објави видео на кое ги депилира споените веѓи на својата тригодишна ќерка Блис. Мајката откри дека Блис ја замолила да го направи тоа откако ја видела како ги депилира веѓите на нејзината постара сестра Бехаута (11).

Леа вели дека нејзините родители верувале дека нејзините веѓи не треба да се допираат додека не достигне одредена возраст и ја поттикнале да се сака себеси. Иако и дадоа доверба да го надмине злоставувањето, ниту една позитивна афирмација не ја промени нејзината несигурност.

Луѓето ми испраќаа фотографии од познати манекенки со споени веѓи, но светот е сосема поинакво место за супермоделите. На ќерка ми и ги депилирам веѓите и тоа е наједноставниот начин да ја заштитам – заклучува мајката која доби многу остри критики поради видеото кое го објави. пренесува „ Н1 “.

Дали сметате дека ова е во ред што го прави оваа МАЈКА?