Девојката опишала потресен настан по кој престанала да праќа пораки

Девојка била неутешна по смртта на својата сакана сестра, а за да добие барем малку утеха, одвреме-навреме испраќала пораки на нејзиниот број.

Но, операторот го доделил тој број на друг корисник и се случила крајно бизарна ситуација.

Фејт Сидман неодамна сподели видео на својот профил на TikTok во кое зборува за тоа како две години и праќала пораки на својата мртва сестра, чиј број го чувала во телефонот. Последен пат тоа го направила во јули минатата година, кога напишала: „Денес многу размислувам за тебе. Те сакам“ и се шокирала кога го добила одговорот, пренесува Мирор.

– Имаш погрешен број – и одговорил новиот корисник на бројот на нејзината сестра. Фејт се извинила и објаснила дека бројот и припаѓа на нејзината сестра, која починала, и дека таа повремено праќа пораки.

– Мислев дека бројот не е во функција. Нема повеќе да ти пишувам – одговори таа и уште повеќе се разочара кога личноста од другата страна само сурово одговори:

– Ве молиме престанете да пишувате пораки.

Видеото е прегледано скоро 9,3 милиони пати откако Фејт го објави на својот профил со зборовите:

– Барем последен пат видов дека нејзиното име се појавува на екранот.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!